Уред за мерење на
затемнувањето на стаклата

АутоТест


Затемнувањето на автостаклата ја загрозува сигурноста на возачот затоа што ја намалува видливоста низ прозорите.
Autolight Plus е уред кој ја мери количината на светло низ затемнетиот прозор за да се утврди степенот на сигурност. Овој уред овозможува резултатите да се download -ираат на компјутер со помош на инфрацрвен приклучок. Ова значи дека резултатите може да се собираат, анализираат и принтаат по потреба на корисникот. Постои можност за снимање на последните 10 резултати во меморијата на уредот со што се овозможува да се обезбедат докази во електронска форма за затемнетоста на автостаклата.
Овој уред се состои од светлосен сензор кој е вграден во телото на самиот инструмент, константен светлосен извор и LCD дисплеј. Со израмнување на светлосниот извор и сензорот на секоја страна на авто стаклото кое се тестира, процентот на светлост кој се пропушта низ прозорот може да се измери, давајќи јасна индикација на видливоста на возачот на возилото.