5000 tech

  Професионален Уред за центрирање со голема база на податоци  





За прецизна работа потребна е прецизна сервисна технологија. Геометријата на предна и задна оска е еден од одлучните фактори за сигурноста на патиштата како и за добар квалитет на возење.
Производителите на возила постојано развиваат подобри и посовршени системи на потпирање. Новите материјали и технологии се користат за задните оски со изолирани попречни делови, задните држачи на тркалата се направени од пескарени шупливи профили отпорни на торзија и истегнување или повеќеслојни оски со сферна кинематика.
Предните потпори за обесување се составени од единечни цилиндрични гасни амортизери и пружина соодветни на динамиката на секое возило според најновите технологии.За одржување на стандардите на обесувањето, производителите на автомобили наметнуваат некои основни барања на сервисната технологија. Тие специфицираат тесен опсег на толеранција, на пр. 2 минути за достигање на максимум вредност, специфични мерни рутини, висока прецизност и висока точност. Конвенционалните методи на мерење едноставно не ги задоволуваат овие барања.
Широкиот опсег на стандардни легури е исто така предизвик на производителите на опрема за центрирање, но Beissbarth ги опреми своите нови уреди microline tech за извршување на вакви задачи со леснотија. Центрирањето на предница од страна на производителите на автомобили се преферира и е измислено со само една цел  а тоа е одржување на сигурноста на возачите и олеснување на сервисирањето на возилата.

 5000 tch  

ML5000 TECH

 

  • за патнички и комерцијални возила и лесни 
  • TECH-софтвер
  • Eкстра декодер за брза компензација и промена на батерија


Осетлива глава според најнова технологија


Новите  CCD камери се со поголем мерен опсег што овозможува мерење со вртливите плочи при 20° до 6 m (18 m опција).

Преносот на податоци од уредот до главата преку радио бранови 433 MHz (или 2,4 GHz за US пазарот)