| КОМПЈУТЕРСКИ МЕРНИ СИСТЕМИ |
Car-O-Tronic Classic |
|
| Car-O-Tronic Classic е комјутеризиран мерен систем кој го опфаќа целиот процес на поправка од првичната анализа и проценка на штета до финалната проверка и документација. Издржливиот дизајн и кориснички ориентираниот софтвер се подеднакво ефективни како за помалите така и за поголемите лимарски работилници.Сето тоа е поткрепено со Најголемата постоечка база на податоци за возила која е компатибилна со било кој систем за порамнување. |
Car-O-Tronic Vision |
|
| Мерен систем направен за иднината! Car-O-Tronic Vision - е најбрзиот,најточниот и најлесен за употрeба мерен систем на пазарот денеска! Тој ве води низ целиот процес за поправка и извршува автоматско центрирање,мерење и документирање.Се базира на слики,интегрирани во најголемата база на возила на денешницата која и е потполно компатибилна со било кој уред за порамнување. Со опсежните мерни податоци што Car-O-Tronic Vision ви ги нуди,ке забележите инстантно зголемување на нивото на квалитет кое вашите работници го имплементираат во секоја завршена поправка.Мерните спецификации на Car-O-Tronic Vision системот ја зголемуваат продуктивноста и ефикасноста на работата - што се двата предуслова за вашиот профитабилен Бизнис. |
Car-O-Tronic Vision X3 |
![]() |
| Car-O-Tronic Vision сега е достапен во нова Проширена верзија. Нови функции во Vision X3: Светски VIN декодирачки систем го прави полесно селектирањето на точните податоци и возило во најголемата база на податоци на пазарот. Погледни Демо Дијагностика на системот за амортизација. Погледни Демо Mерење на горните делови на сите возила вклучувајки ја целата рамка, Лесни камиони и SUV. Погледни Демо Дијагностика на површински оштетувања. Погледни демо Мултимедијална поддршка за новиот систем на Car-O-Liner за модуларно "вкотвување",странично приддржување и универзален систем за фиксирање. Погледни Ево 1-2 Демо, Погледни Ево 3 Демо Ако сакате изврсност во високата технологија,брзина и контрола тогаш инвестирајте во Car-O-Tronic Vision X3. |
| МЕХАНИЧКИ МЕРНИ СИСТЕМИ |
| Car-O-Mech |
![]() |
Високо прецизната техника на Car-O-Liner го поставува Car-O-Mech механичкиот мерен систем и додатни алатки, на прво место.Брз и лесен за употреба,системот вклучува мерен мост, мерни слајдови и адаптери, заедно со трајна количка за додатни алатки.Сите мерења се прават во блиска соработка со производителите на возилата ширум светот. Точно овие мерни спецификации ви помагаат да ја зголемите продуктивноста со тоа што ги елиминирате сомнежите пред,за време на и после поправката. |
| Car-O-Mech Vision |
![]() |
Кориснички ориентиран софтвер комбиниран со високо прецизен мерен систем Високо прецизната техника на Car-O-Liner го поставува Car-O-Mech механичкиот мерен систем и додатни алатки, на прво место. Брз и лесен за употреба, системот вклучува мерен мост, мерни слајдови и адаптери, заедно со трајна количка за додатни алатки.Сите мерења се прават во блиска соработка со производителите на возилата ширум светот. Точно овие мерни спецификации ви помагаат да ја зголемите продуктивноста со тоа што ги елиминирате сомнежите пред,за време на и после поправката. Car-O-Mech Vision опфаќа:
Софтверска поддршка за М900 на сите Car-O-Tronic податоци за горно мерење,софтверот ке го води корисникот при мерењето со М900 |
М900 Горно Мерење |
![]() |
Car-O-Liner M900 ви овозможува практично да ги измерите сите горни делови на возилото. Со милиметарски прецизни лизгачки зглобови,и крути исфрлени алуминиумски мерни летви, М900 е лесен за склопување, лесен за употреба,и екстремно издржлив. Можете да измерите 4 точки симултано, минимизирајки ја потребата за репозиционирање на мерните компоненти за време на процесот на поправка. М900 брзо обезбедува прецизни мерења од скоро секоја точка на горниот дел од возилото: отвори за шофершајбна,линиите на кровот, багажникот, шарките на вратите, како и компонентите од системот за амортизирање и критичните делови во делот околу моторот. М900 е составен од два пакета.За целосна употреба на UBD податоците,потребен е компетниот сет. М910 HMP основната опрема, достигнива до скоро секоја вертикално поставена мерна точка. M920 HMP екстендирачките додатоци за М910, овозможуваат мерења на вартикалните и хоризонталните точки,на скоро секоја позиција на возилото. |