BenchRack

 BENCHRACK
Со неколкуте модели кои можете да ги изберете, BenchRack системот на Car-O-Liner може да биде "скроен" според вашите специфични потреби.

BenchRack системот комбинира навозна рампа со хидраулична дигалка и рампи кои се отстрануваат.Револуционерна опција за накривување овозможува полесно поставување на возилото кога просторот за маневрирање е ограничен.

Сите BenchRack системи делат една единствена цел: Овозможуваат побрзо време на поставување,поправка и проверка.За да ви овозможат поголема продуктивност - ПОГОЛЕМ ПРОФИТ.
 

Mark 6

 MARK6
Флексибилен систем кој носи солидни резултати.
MARK 6 системот на Car-O-Liner е подвижен бенч систем со дополнителна поволност на монтирање со навозување.

Дизајниран е со идеата : колку е пофлексибилен системот за каросериски поправки, толку е поголема и неговата продуктивност.

Сo серија на конфигурации од кои може да се избере, MARK 6 овозможува флексибилност во комбинацијата на опрема која највеќе одговара на вашиот бизнис. Можете да креирате свој сопствен систем користејки се со комбинација на бенчови и додатни алатки ( сите додатни алатки се меѓусебно заменливи). MARK 6 системот можете да го дополните со додатни алатки со зголемување на вашите потреби
 

Performance Track

 Performance Track
Заштедете Простор и Пари!
Performance Track е поден систем за каросериски поправки. Тој има достапна цена и ефикасен во однос на потребите за простор и затоа е идеален за работилници кои неможат да одвојат простор за класичен бенч систем. Исто така може да овозможи способност за додатно извлекување кога вашата работилница ке има потреба од тоа.

Брзи и лесни за инсталирање додатни алатки!
Инсталирајте ги шините на начин кој највеќе ви одговара на вашите потреби. Моќен и флексибилен 10 тонски вертикален влечен уред обезбедува 360 степенски пристап за извлекување

 

Speed

 Speed
SPEED-от е перфектен за добро опремени лимариски работилници.....
SPEED е правиот избор за лимариски работилници кои веќе имаат еден или повеќе бенчови.Префрлувајки ги полесно оштетените коли на SPEED-от го ослободувате местото на големите бенчови за структурни и работи на рамката на колата.

...за работилниците кои работат со помали каросериски оштетување и фарбање
SPEED-от е правиот избор и за помали работилници и фарбари кои сакаат да го прошират полето на работа во поправка на  помали каросериски проблеми.

SPEED-от им помага на вработените и финасиите   
Ергономичниот дизајн ја поедноставува работата и осигурува побрз прогрес.Пристапноста е одлична затоа што нема рампи или држачи околу возилото.Возилото може лесно да се подига до најпогодната висина.