OBD LOG
Уред за дијагностика


OBD LOG е компактна дијагностичка алатка која се поврзува со возилото преку OBD влезот.  Може да се користи како посебен уред или како додаток кон TEXA дијагностичките уреди. OBD LOG е исклучително корисен во оние типични ситуации каде претходно појавените проблеми не се манифестираат при влез во сервисот. OBD LOG автоматски ги набљудува сите параметри од моторот и ги меморира оние кои укажуваат на одредени неправилности во работата. Обезбедува информации за идентификација на овие непредвидливи и непостојани аномалии, а со самото тоа го штеди времето од клиентот и сервисерите.


Едноставно, OBD LOG се поставува на OBD влезот од возилото и останува прикачен се до повторното враќање на автомобилот во сервисот. Одговорните лица од сервисот го одредуваат временскиот период за кој сметаат дека е доволен за собирање на потребните информации кои ќе помогнат во решавање на проблемот.  Овие информации се пренесуваат од уредот до компјутерот преку USB кабел.