AXONE 3 MOBILE
Дијагностички уред Axone 3 Mobile
Најновиот уред од производната програма на TEXA е Axone 3 Mobile. Овој пренослив повеќенаменски уред за дијагностика е револуционерен во начинот на кој ги прикажува сите информации кои им требаат на техничарите.
Можности на уредот :
- Едноставен пристап на целосен домен на функции за дијагностика и автодијагностика за сервисирање оддржување и поправки.
- Информациите вградени во самиот уред овозможуваат достапност на сите потребни податоци за време на поправката.
- GSM модул кој ги добива информациите за новите надградби и технички билтени веднаш штом ќе бидат издадени.
- GSM модулот вграден во уредот овозможува прием и комуникација со TEXA online преку SMS пораки кои информираат за новите надградби,технички известувања и други информации сто можат да се симнат од интернет со обичноповрзување во било кое време.На овој начин овие технички известувања автоматски се зачувуваат распоредени по модел,производител,електронски систем и се достапни веднаш кога ке бидат потребни.Оваа уникатна функцијана Axone 3 Mobile, им овозможува на корисниците пристап до најновите технички информации кои постојано се обновуваат и го следат напредокот на автомобилската индустрија.
Технички спецификации:
- Windows XP embedded оперативен систем со инсталирана IDC3 Plus
- СВГА дисплеј осетлив на допир
- Се напојува преку возилото или од сопствена литиумска батерија
- Хард диск 20 и 40 Гб
- C-mos колор камера
- Дијагностика преку кабел со приклучување на различни модули за дијагностика.
- Бежична дијагностика со Bluetooth конекција Navigator Mobile и Tribox Mobile
- Сериска конекција, USB, LAN, WI-FI